Русија со предупредување до НАТО поради американските дронови над Црно Море
Русија издаде предупредување дека нејзините сили ќе преземат „мерки за брз одговор“ со цел да се спречат потенцијалните инциденти во воздушниот простор поради се почестото појавување на американски дронови над Црно Море.
– Таквите летови во голема мера ја зголемуваат веројатноста за инциденти во воздушниот простор со авионите на руските Воздушно-вселенски сили, што го зголемува ризикот од директен конфликт помеѓу Алијансата и Руската Федерација. За тоа одговорни ќе бидат земјите од НАТО, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.
Исто така, руското МО ги обвинува САД дека ги користат дроновите за извидување и размена на разузнавачки податоци со Украина.
– Интензивираните летови на американските дронови над Црно Море укажуваат на се поголемата вклученост на САД и земјите-членки на НАТО во судирот во Украина, на страната на Киев, се посочува во соопштението на руското МО.
Новиот руски министер за одбрана Андреј Белоусов му наредил на Генералштабот да преземе мерки против американските дронови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Прилично глупав потег е тоа што потрошив…
Илон Маск изјави дека се чувствува „прилично…
Светско признание за „Безбеден град“ – Тошковски…
Македонскиот проект за унапредување на сообраќајната безбедност…
Почна вакцинацијата на овците и козите против…
Масовната вакцинација на овците и козите против…
Изградивме блиски врски со грчката полиција, заедно…
Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар…
Голема акција на МВР во Макстил!
Екипи на МВР по наредба за Основното…