Објавено на:

Ердоган: Турција е подготвена да ги нормализира односите со Сирија

t

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека Анкара е подготвена за нормализирање на односите со Сирија.

Нема причина зошто да не се воспостават дипломатски односи. Со други зборови, ќе дејствуваме заедно во развивањето на соработката со Сирија, исто како што правевме во минатото, посочи Ердоган.

Тој додаде дека Турција нема за цел да се меша во внатрешните работи на Сирија.

На почетокот на месецот турскиот министер за одбрана Јашар Ѓулер изјави дека Анкара би можела да размисли за повлекување на војниците од сириска територија, а услов за тоа ќе биде безбедноста на границата на Турција.

Минатиот месец турскиот весник „Хуриет“ објави дека Вашингтон создава „мал Израел“ на границата со Турција со помош на милитантите на Курдската работничка партија (ПКК) во Сирија, додека меѓународната заедница е „преокупирана“ со конфликтите во Појасот Газа и во Украина. Турција ја обвинува Сирија за поддршка на ПКК. За Анкара ПКК и нејзините ограноци се главна закана за безбедноста на Турција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја…

Во понудата на инстант лозови на Државна…

ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ ВО ВАШИНГТОН ПРИВРЕМЕНО ЗАПРЕН: Амтрак…

Американската железничка компанија „Амтрак“ (Amtrak) привремено го…

НОВ ХАОС НА АМЕРИКАНСКИТЕ АЕРОДРОМИ: Падна системот…

Американската авиокомпанија United Airlines потврди дека се…

ДЕМОКРАТИТЕ ПОДГОТВУВААТ ГОЛЕМ УДАР ВРЗ ТРАМП: Се…

Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со…

„Њујорк тајмс“ за студентското движење во Србија:…

Студентското движење во Србија успеа да го…