Објавено на:

ОН расправа за испораката на севернокорејски проектили на Русија наменети за војната во Украина

t

Трансферот на оружје во Русија од страна на Северна Кореја беше во фокусот на денешниот состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации.

Јона Леф, претставник на „Conflict Armament Research“, рече дека неговата организација ги детализирала компонентите на ракетите што се користат против Украина и дека доказите покажуваат дека потекнуваат од Северна Кореја.

„Од почетокот на тековниот конфликт во февруари 2022 година, документирани се повеќе од 270 напредни конвенционални оружја, дронови или проектили кои биле користени во нападите во Украина“, рече Леф.

Резолуциите на Советот за безбедност на ОН забрануваат пренос на оружје во Русија.

Севернокорејската ракетна технологија исто така беше на дневен ред, при што Изуми Накамицу, високиот претставник за прашања на разоружувањето, го отвори прашањето за најновите ракетни тестирања на Северна Кореја

„Во последниве месеци, имаше наводи за трансфер на балистички ракети и муниција од КНДР во Руската Федерација, што е кршење на релевантните резолуции на Советот за безбедност“, рече Накамицу.

Накамицу, исто така, го детализираше лансирањето во средата од севернокорејската ракета која користи технологија со повеќе боеви глави.

Доколку се потврди, тоа ќе биде прво јавно лансирање на Северна Кореја поврзано со развојот на ракета со повеќе боеви глави, иако за сега ова оружје е во почетна фаза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прилично глупав потег е тоа што потрошив…

Илон Маск изјави дека се чувствува „прилично…

Светско признание за „Безбеден град“ – Тошковски…

Македонскиот проект за унапредување на сообраќајната безбедност…

Почна вакцинацијата на овците и козите против…

Масовната вакцинација на овците и козите против…

Изградивме блиски врски со грчката полиција, заедно…

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар…

Голема акција на МВР во Макстил!

Екипи на МВР по наредба за Основното…