Чекајте ја личноста која ја прави љубовта лесна и едноставна

t

Често, како тинејџери почнуваме да сонуваме за својата сродна душа.

Тоа е концепт за кој слушаме во песните, читаме во книгите и гледаме во филмовите. Понекогаш, околу себе гледаме дека некои луѓе сепак имале голема среќа да ја сретнат љубовта на својот живот со која можат да живеат исполнет и среќен живот.

Но, понекогаш гледаме и тажни, несреќни, незавршени приказни кои не се секогаш така среќни. Тоа е животот. Тој некогаш ни носи хаос, ни носи скршено срце и лоши искуства. Но, тоа не значи дека треба да се откажеме. Тоа не значи дека треба да го прифаќаме она што не ни носи среќа и исполнетост и да се убедуваме себеси дека не заслужуваме подобро.

Најголемата грешка која можеме да ја направиме во својот живот е да се убедиме дека несреќата или празнината се нормална состојба во љубовта.

Секој од нас заслужува љубов, почит и доверба. Тоа е основата на секој меѓучовечки однос, без оглед на тоа дали зборуваме за семејството, за пријателите или пак романтичната љубов за која сите можеби сонуваме. Не мораме да очекуваме грандиозни гестови и изненадувања како во филмовите, но секој од нас заслужува некој кој ќе се бори за него, со кого може да ги сподели своите радости, желби и стравови.

Љубовта не треба да биде уште една компликација во нашиот живот. Напротив, таа треба да биде нашето бегство од проблемите со кои се соочуваме, свето место во кое можеме да најдеме поддршка во нечии прегратки и да биде подадена рака тогаш кога ни е најтешко.

Вистинската љубов треба да се заснова на доверба, разбирање и слушање. Тоа е најздравата форма на љубов која сите ја заслужуваме. Секој од нас!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда

Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…

Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…

(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…

„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…

Производителите на пченица се во загуба ако…

Благојче Богоески е млад земјоделец од село…