Ѓорѓе Давид, Ивана Петерс и Бресквица го наполнија паркот во Расадник со луѓе

t

Пред паркот во Расадник синоќа немаше празно место. Третата фестивалска вечер на Културното Лето 2024, обедини жанровски различни музички вкусови и покажа дека одличната забава по мерка на публиката и концертите за кои долго се раскажува и понатаму остануваат да бидат заштитен знак на на Општина Кисела Вода. Различните музички стилови по кои се познати главните ѕвезди на вечерата, Џорџе Давид, Ивана Петерс и Бресквица, беа врзани во интересен концепт, а настанот започна со македонските изведувачи- Андријана Петрушевска, Омер Џаферовски, Славица Ангелова и Александар Јосифовски. Џорџе Давид и Ивана Петерс донесоа одличен рок звук и хитови кои публиката ги дочека со огромни аплаузи. На сцената имаше и одлични дуети со македонските изведувачи. По нив следеше популарната Бресквица, која во моментот е една од најбараните пејачки, посебно кај помладата генерација.

Од моментот кога се појави до бината, па се до самиот крај на концертот, публиката беше одушевена. Се играше и пееше во одлично расположение и атмосфера која ќе се памети. На настанот публиката ја поздрави градоначалникот Ѓорѓиевски кој им се заблагодари и на присутните и на изведувачите за одличната забава во очи денешниот роденден на Општина Кисела Вода и потенцираше дека со ваква сплотеност и убава енергија се испишува новата историја на Кисела Вода.

-Среќа е кога сите сме на едно место и заеднички ја споделуваме. А вечерва, заедно со сите, како еден од вас покажавме колку сме горди на најубавата наша Кисела Вода. Ви благодарам на секој еден од вас – за сите стиснати раце, заедничките слики и прегратки за поддршка! Огромно благодарам на најзаслужните за оваа радост вечерва – Ѓорѓе Давид, Бресквица, нашата Андријана Петрушовска, неповторливата Ивана Петерс и сите ѕвезди кои вечерва ни го приредија ова. Знаете, испишуваме историја – Храброто срце на Скопје, Кисела Вода повторно живее! Продолжуваме утре, Суперхикс подготвуваат вистинско изненадување за сите вас! Се гледаме на најдобрата журка во Скопје-истакна градоначалникот Ѓорѓиевски по што следеше голем огномет.

Вечерва прославата на двата родендена, 69-тиот на Општина Кисела Вода и 30-тиот на култниот бенд Суперхикс, започнува од 19 часот на истата локација, во паркот во Расадник. Предвидена е огромна журка со бројни гости на бендот како Дани Димитровска, Фолтин, Гоце Саф, Ја, Дека и Зека од Војводина, Битолски камерен оркестар, 21 век и многу други.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Општина Тетово двојно ги зголеми даноците на…

Зголемувањето на даноците на имот од страна…

Директна закана од Израел: „Брзо да го…

Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац…

Србија ќе изгради музеј во чест на…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…

Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…

Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…

Израел објави, 19 повредени во нападот на…

Најмалку 19 лица, вклучително и шест војници,…