Објавено на:

Трамп го отфрла мировниот предлог на Путин – Поранешниот американски претседател со јасна порака до Москва

t

Американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп го отфрли мировниот предлог за прекин на конфликтот во Украина што го претстави рускиот лидер Владимир Путин.

За време на првата дебата со неговиот главен ривал и актуелен претседател на САД, Џо Бајден, Трамп изјави дека не се прифатливи условите што ги претстави рускиот лидер за завршување на војната во Украина.

Путин неодамна изјави дека ќе нареди прекин на огнот во Украина само доколку Киев ги повлече трупите од четирите региони анектирани од Москва и официјално се откаже од обидот да стане членка на НАТО.

Трамп за време на дебатата повтори дека ќе стави крај на војната во Украина доколку биде реизбран за претседател во ноември, но повторно не даде детали како планира да го стори тоа.

Поранешниот американски претседател по дебатата ја зголеми предноста пред актуелниот шеф на државата Бајден, а многумина сметаат дека изборната трка е практично решена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Нашата држава е една од најбрзорастечките…

-Ние сме новата надеж. Ние сме промената…

Мицкоски: Гајбата пред кооперација е поудобна од…

Претседателот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан…

Апасиев ги избрука! Не работи канцеларијата за…

ПОТЕМКИНОВИОТ СВЕТ НА ВМРОИДИТЕ (или "Како функционира…

Доаѓа невреме во Македонија

Во нашата Република Македонија се до петок…

Што се случува во РЕК Битола, врие…

Во моментов огромно полициско присуство има во…