Објавено на:

Франција масовно гласаше за парламентарните избори

t

Французите денеска масовно излегуваат на првиот круг од вонредните парламентарни избори, што би можело да го отвори патот на екстремната десница да дојде на власт, пренесуваат странските агенции.

Излезноста на гласачите до пладне беше 25,90 отсто, односно повеќе од претходните избори во 2022 година, кога до пладне гласаа 18,43 отсто од граѓаните.

Многу политичари гласаа во нивните области утринава, вклучително и претседателот Емануел Макрон, лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен и премиерот Габриел Атал.

Првите резултати од излезните анкети ќе бидат познати околу 20 часот по затворањето на гласачките места.

Според последните анкети, екстремната десница предводена од младиот Жордан Бардела (28) би можела да освои меѓу 35 и 36,5 отсто од гласовите.

На второ место треба да биде левата коалиција, во која радикалната левичарска партија Непокорна Франција е со 27,5 до 29 отсто од гласовите, додека центристичката коалиција на Макрон е на трето место со 20,5 до 21 отсто од гласовите

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…

Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…

МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…

Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…

Просторот околу Собранието прогласен за безбедносна зона…

Собранието на предлог на Владата, усвои нов…

Сенатот го усвои крипто-законот кој е поддржан…

Сенатот на САД го усвои Законот за…

Димитров: Преспанскиот договор беше злоупотребен во политичкиот…

„Ми беше јасно дека Преспанскиот договор беше…