Објавено на:

Руте повика на поддршка за Украина, ЕУ и НАТО во својот проштален говор

t

Холандскиот премиер во заминување Марк Руте денеска, во своето последно јавно обраќање на таа позиција пред да стане генерален секретар на НАТО, ја повика својата земја да продолжи да дава поддршка за Украина и меѓународната соработка.

„Од клучно значење е нашата земја да биде интегрирана во Европската унија и НАТО. Заедно сме посилни отколку сами. Особено сега, рече Руте.

Новата влада, која се очекува да стапи на должност во вторник, вети дека ќе продолжи да ја поддржува Украина.

Руте е на функцијата премиер на Холандија од 2010 година, што го прави премиер со најдолг стаж во историјата на таа земја, а во октомври треба и официјално да стапи на функцијата генерален секретар на НАТО алијансата, наследувајќи го Јенс Столтенберг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сиљановска Давкова: Во Советот за безбедност ќе…

Претседателката Гордана Сиљаноска Давкова најави дека наскоро…

По посетата на Киев, Орбан патува за…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на 5 јули…

Мишел Обама има поголеми шанси од Бајден…

Во случај Џо Бајден да се откаже…

Филипче му одаде почит на Глигоров: Нема…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска го…

Пофалба за измамите: Руските комичари добија највисока…

Руско дуо измамници, кои често успеваат да…