Објавено на:

Русија и Белорусија се договорија за продолжување на блиската соработка

t

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и неодамна назначениот шеф на дипломатијата на Белорусија Максим Риженков во денешниот телефонски разговор се договориле за продолжување на блиската соработка на мултилатерални платформи и размениле мислења за актуелни меѓународни прашања, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

„Се разговараше за актуелните прашања од руско-белоруските односи, беа разменети мислења за актуелни меѓународни и регионални прашања, се договоривме да ја продолжиме блиската соработка на мултилатерални платформи“, се вели во соопштението.

Лавров, се додава во соопштението, ја искористил приликата и „му честитал на својот белоруски колега за неговото именување на функцијата министер за надворешни работи на братска земја“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Димитриеска Кочоска: Јавниот долг во однос на…

Ќе имаме зголемен процент на јавниот долг,…

Сиљановска Давкова: Илузија е ако некој мисли…

Ние не сме воопшто финансиско-буџетско оптоварување за…

(Видео) Норвешката министерка ја кренала маицата среде…

Норвешката министерка за култура и рамноправност, Лубна…

Јаневска: Повисоки плати за наставниците и нов…

„Уверувам дека ќе направиме максимални напори за…

ЕУ лути на Орбан – Не биле…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска отпатува за…