Салвини: Мојата партија Лига има добри шанси да се приклучи кон групата на Орбан во ЕП
Италијанскиот вицепремиер и министер за транспорт Матео Салвини денеска изјави дека има добри шанси неговата партија „Лига“ да ја прифати поканата да се приклучи кон новиот сојуз на унгарскиот премиер Виктор Орбан, „Патриоти за Европа“, соопшти италијанската новинска агенција АНСА.
Засега во групацијата се вклучени партијата ФИДЕС на Орбан, крајнодесничарската австриска Партија на слободата и чешкото популистичко движење „Акција на незадоволни граѓани (АНО).
– Приклучувањето кон тие кои ги ставаат на прво место работните места, семејството и иднината на младите луѓе, ми изгледа како добар пат, изјави Салвини во изјава за радио РАИ.
– Тоа е нешто за кое „Лига“ одамна се залага. Во моментот ги разгледуваме документите, но ова ми изгледа како вистинскиот пат, потврди италијанскиот вицепремиер.
„Лига“ моментално членува во групата „Идентитет и демократија“ во Европскиот парламент, каде членуваат и „Националниот собор“ на Марин Ле Пен и каде до скоро членуваше и австриската Партија на слободата.
Партијата ФИДЕС на Орбан во моментов не членува во ниту една група во ЕП, откако пред две години се повлече од Европската народна партија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда
Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…
Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…
„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…
Производителите на пченица се во загуба ако…
Благојче Богоески е млад земјоделец од село…