Кавга во власта – Касами: Димитриевски не е тој кој одредува кога и како ќе се користи националното знаме
Денес градоначалникот на Тетово и претседател на Движење Беса, Биљал Касами во изјава за медиумите по настан во тетовскиот регион ја искоментира изјавата на лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски дека ќе ја напушти Владата ако во владините кабинети на министрите Албанци од Коалицијата „Вреди“ продолжи да се користи знамето на Албанија. Според Касами, Димитриевски не требало да зборува на таа тема.
– Не е Димитриевски кој одредува кога и како ќе се користи националното знаме. Посакуваме коалицискиот партнер, во случајов претседателот на ЗНАМ, да излезе од предизборната реторика и да разбере дека сега сме дел од власта и мора да работиме за доброто на граѓаните. Ние како граѓани Албанци на оваа држава ги почитуваме и поддржуваме граѓаните на македонската заедница во заштитата на нивниот идентитет, а истото го очекуваме и од македонските граѓани да ги поддржат Албанците во заштитата на нивниот идентитет, националното знаме е важен сегмент од ова, рече Касами од тетовска Стримница.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Папата Лав: Смртната казна е неприфатлива
Папата Лав XIV повторно се изјасни против…
(Видео) Трамп: Мислам дека е време Украина…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека, според…
(Видео) Ердоган лично го возеше брзиот воз,…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја отвори…
(Видео) Тензично кај „Краста“: Димитриевски во жестока…
Тензична е состојбата на блокадата на пристапниот…
(Фото) Сообраќајка пред влезот на Клиничкиот центар…
До нашата редакција пристигнаа фотографии од сообраќајна…