Пандов: Честа да се работи за Македонија е огромна, ќе работам чесно и посветено
Владата го назначи Александар Пандов за нов ВД директор на Управата за извршување на санкции.
Пандов е дипломиран историчар на Институтот по историја на Универзитетот Св. Кирил и Методиј.
Бил пратеник во македонското собрание од 1998 до 2002 година. Пандов има работно искуство во приватниот сектор.
Тој се огласи на својот Фејсбук профил:
„На денешната седница на Влада избран сум за директор на Управата за извршување санкции.
Голема благодараност до Премиерот Христијан Мицкоски! Честа да се работи за Македонија е огромна, а јас ветувам дека ќе работам чесно и посветено“ – напиша тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел ќе реализира летови за репатријација на…
Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…
Трамп: Не гледам дека Москва или Пјонгјанг…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не…
Моторџија од Србија е тешко повреден во…
„На 16.06.2025 во 15:00 часот во СВР…
Дете од Дебар е тешко повредено во…
Возач на автомобил вчера во Дебар удрил…
Се гради најголемата пловна населба во Европа!
Најголемата пловна населба во Европа наскоро би…