Најмногу дожд наврна во Охрид, еве каква е состојбата во другите градови

t

Изминатите девет часа најмногу дожд наврнал во Охрид, 11 литри на метар квадратен.

Како што соопшти УХМР, до 17 часот попладнево се измерени и девет литри на метар квадратен во Лазарополе и Битола, шест во Маврови Анови, пет во Крушево, четири во Ѓуриште, три во Претор и Прилеп, два во Демир Капија и Тополчани и еден литар на метар квадратен во Крива Паланка, Берово, Велес и Кавадарци.

Времето до крајот на денот ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер (над 70 километри на час) и појава на град.

Во Скопската Котлина ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер (над 70 километри на час) и појава на град.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Голем пожар избувна во близина на…

Најнови информации: Голем пожар избувна во близина…

Едно лице задржано во станица по убиството…

Министерството за внатрешни работи информира дека се…

Се сеќавате на Хакан Шукур? Ердоган му…

Хакан Шукур речиси една деценија не живее…

ЦУК: Сите 18 пожари на отворено се…

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…

Мицкоски ќе ја предводи македонската делегација на…

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ќе ја…