Лукашенко: Белоруските трупи се во состојба на готовност
Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави денеска дека безбедноста на државната граница е зајакната, а одредени трупи се ставени во состојба на готовност поради засилувањето на украинската армија во пограничните области.
„Распоредени се сили за специјални операции и други извидувачки единици, белоруската армија ги блокираше насоките на можното движење на непријателот. Пред една година извршивме обука, се покажа дека не беше залудна“, рече Лукашенко на свечениот состанок по повод Денот на независноста, пренесува агенцијата Белта.
Покрај тоа, додаде тој, воздухопловните сили и силите за воздушна одбрана на Белорусија и Русија се во состојба на висока борбена готовност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Погодена амбасадата на САД во иранскиот напад…
Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби,…
Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?
Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…
Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…
Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…
„Вината за Кочани е во врвот на…
„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…
Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…
Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…