Објавено на:

Какви казни има за сквернавење национални симболи?

t

Од парична казна до казна затвор до 5 години му се заканува на албанскиот државјанин кој пред неколку дена го симна и фрли македонското државно знаме од планинскиот врв Голем Кораб. Според правниците, обвинителството веднаш треба да почне предистрага и тоа за две кривични дела: нарушување на угледот на државата, но и предизвикување на верска, расна, национална омраза.

Од МВР засега без детали за настанот, освен дека се работи за странски државјанин и дека следуваат дополнителни проверки.

Настрана кривичната постапка, државата може да преземе и други мерки со кои ќе даде до знаење на странски државјани дека треба да имаат почит кон државата во која се наоѓаат. Министерството за надворешни работи може да поведе постапка и да побара Шулуки да биде прогласен за персона нон грата и да му биде забранет влезот во Македонија. Поради слични постапки доживотни забрани за влез добија бугарски државјни, меѓу кои и претседателот на фондацијата Македонија – Стојанов.

Во меѓувреме македонски планинари денеска повторно го поставија македонското знаме на Голем Кораб.

Албанскиот планинар и сопственик на ресторан во Пешкопеја пред неколку дена на својот Фејсбук профил објави видео како го трга македонскотот државно знаме од паланинскиот врв и поставува албанско. Притоа, на неколкумината со него, им вели: „ Драги пријатели, дојдов денеска со група гости и го најдов македонското знаме. Тоа не им припаѓа на албанските територии. Тука само албанско знаме, нема место за македонското. Албанија“.

Шулуки често го искачувал Кораб, познат е и како дебарски Тарзан. Слично веење на албанското знаме на Голем Кораб направил и во 2021 и 2020.

Ваквата постапка на Шулуки ја разбранува македонската и политичката јавност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…

Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…

Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…

ПДПР со демант и објаснување на денешниот…

Реакција и демант По повод видеото што…

Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…

*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…