Објавено на:

Три намирници кои го забрзуваат метаболизмот во 40-тите

t

Како што влегуваме во третата, а потоа и четвртата деценија во животот, забележуваме промени во телото, а и во нашиот метаболизам.

Тој се успорува и често предизвикува наталожување масти и зголемена телесна тежина. Нутриционистите постојано советуваат дека редовната физичка исхрана и добар начин на исхрана се клучни за да останеме здрави и витки.

Но, нутриционистката Лиза Јанг предлага три намирници кои помагаат во забрзување на метаболизмот и намалување на килограмите.

Шумско овошје

Малините, капините, јагодите, рибизлите се богати со вода, антиоксиданти и фитохемикалии. Тоа содржи голема количина на хранливи материи кои се одлични сојузници во борбата против вишокот килограми. Можете да ги додадете во јогурт, во овесните снегулки наутро или пак да ги консумирате свежи кога е нивната сезона, во текот на пролетта и летото.

Авокадо

Повеќе истражувања покажуваат дека луѓето кои редовно јадат авокадо имаат поголемо чувство на ситост во текот на денот, а и одличен метаболизам. Авокадото содржи природни влакна кои не се калорични, а тоа е богато и со здрави масти кои одлично влијаат на нашето здравје.

Јаткасти плодови и семиња

Кога ги консумираме во доволни количини, тие се неверојатно здрава храна и лесна ужинка која се вклопува во диеталната исхрана. Содржат влакна, проетини и здрави масти, а придонесуваат и за забрзување на метаболизмот и тоа во голема мера, со одлични резултати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Сојузот на срамот“ предизвика Национален собир да…

Според водачот на крајно десната партија Национален…

Марин Ле Пен: Нашата победа е само…

Францускиот претседател Емануел Макрон е во „неодржлива“…

Нов земјотрес ја стресе Македонија вечерва: Еве…

Нов земјотрес во Македонија со јачина од…

Политико: НАТО сојузниците загрижени за возраста и…

Дипломатите и светските лидери кои се подготвуваат…

Бајден: Мојата цел е повторно да ја…

Американскиот претседател Џозеф Бајден, изјави денеска дека…