Се чекаше и по 20 минути за сендвич кој мириса на кафеана – Се сеќавате ли на „Чичко Стоилко“?
„Чичко Стоилко“ – сендвичара во трафика, некогаш овој мал локал беше одбележје на градот. Иако веќе не постои, остана во сеќавањата на многу генерации.
Се чекаше ред и по 20 минути само да се земе сендивич од легендарната сендвичара “Чичко Стоилко” во центарот на старо Скопје, се сеќаваат повозрасните скопјани на кои ова култно место им е асоцијација за едни убави минати времиња.
Се чини никогаш нема да згасне носталгијата за овие трафики, од кои една беше сендвичарницата „Чичко Стоилко“ и каде во минатиот век се продаваа највкусните седнвичи, хамбургери и хот-дог сендвичи.
-Класика скара, со мирис на кафеана, се чекаше без проблем, во друштво, се сеќава еден скопјанец.
„Чичко Стоилко“ и „Ванила“ беа збирно место. „Те чекам кај Чичко Стоилко“ – ова е еден легендарен скопски муабет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Северна Кореја претстави сопствен ChatGPT, но политичките…
Северна Кореја претстави сопствен четбот со вештачка…
Санчез ја заврши кампањата со апел: Да…
Шпанскиот премиер во заминување, социјалистот Педро Санчез,…
Унгарците усвоија закон со кој политичарите се…
Унгарскиот парламент усвои закон со цел оддалечување…
(Видео) Не чекаме да нѐ „изненади”, делуваме…
Не чекаме да нѐ „изненади”, делуваме пред…
Зеленски со указ забранува медиумите да известуваат…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша указ со…