Таравари: Ќе ги мотивираме лекарите да работат и надвор од Скопје
Распишан е оглас за компресори во хируршките сали во Клиничкиот центар„Мајка Тереза“, а до крајот на годинава сите простории ќе бидат подготвени за употреба, соопшти вчера министерот за зсравство, Арбен Таравари .
Што се однесува до Клиниките во другите градови, Таравари во „Дејли клик“ на ТВ21 рече дека верува оти тие можат да дадат повеќе услуги отколку што даваат моментално и немаат потреба да испраќаат пациенти во Скопје.
Доколку има потреба, вели дека ќе се испратат лекари од Скопје и во други градови како Тетово, Штип, Битола, Струга и Охрид.
Примарната медицина работи релативно добро, вели Таравари, но додава дека има недостиг на кадар во руралните средини.
Тој предлага во ординациите каде што има две или три матични лекари, едната да оди на контроли во селата, а за тоа ќе бидат и финансиски мотивирани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Не гледам дека Москва или Пјонгјанг…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не…
Моторџија од Србија е тешко повреден во…
„На 16.06.2025 во 15:00 часот во СВР…
Дете од Дебар е тешко повредено во…
Возач на автомобил вчера во Дебар удрил…
Се гради најголемата пловна населба во Европа!
Најголемата пловна населба во Европа наскоро би…
„Макрон секогаш сфаќа погрешно“ – Трамп го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална…