Охридското крајбрежје заробено од непознати изведувачи-Левица со барање за инспекциски надзор

t

Реакција на Левица-Охрид
Деновиве од група граѓани добивме информации за узурпација на охридското крајбрежје со поставување лежалки, педалинки, тезги и друга урбана опрема.

Левица поднесе Барање за вонреден инспекциски надзор до Управата за јавни приходи, Комунална инспекција и Пазарна инспекција за да се утврди дали поставените лежалки, чадори и летни реквизити од баровите на плажите е согласно со законите за доделување концесии во Република Македонија.

Потсетуваме дека пред неколку месеци, пред почетокот на летната сезона, Политичката партија Левица реагираше поради градежни зафати на самиот езерески брег кај Канео и поднесе Иницијатива за вршење вонреден инспекциски надзор. Од инспекциската служба доби одговор дека се гради од „непознат сторител“ што е јасен сигнал дека и инспекциските служби се соучесници во организираното заробување на Охридското Езеро од страна на концесионерите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русите потврдуваат: Путин во разговорот со Трамп…

Рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор…

10 октомври – Светски ден на менталното…

Денеска, 10 октомври, ширум светот се одбележува…

Денеска е Свети Калистрат: Празник посветен на…

Православните христијани денеска, 10 октомври, го одбележуваат…

Времето денес променливо облачно, попладне се очекуваат…

Променливо облачно време со сончеви периоди во…

Меѓународниот кривичен суд во Хаг за санкциите…

Воведувањето санкции против Меѓународниот кривичен суд како…