Објавено на:

(Видео) Приведена Грета Тунберг за време на климатски протест во Холандија

t

Шведската климатска активистка Грета Тунберг денеска беше уапсена за време на протестот во Хаг, во Холандија, јавија шведските медиуми, пренесе ДПА.

Холандската полиција ја одведе 21-годишната активистка додека учествуваше во блокирањето на автопатот А12 што минува низ Хаг, на протест организиран од движењето „Extinction Rebellion“ (XR), појаснува ДПА.

Автопатот А12 беше привремено блокиран, при што полицијата употреби водени топови, се наведува во извештаите на медиумите.

И досега автопатот А12 беше цел на голем број протести. Активистите бараат Холандија да ги прекине сите државни субвенции за фосилните горива.

Тунберг и во април беше уапсена за време на протестите во Хаг. На крајот на мај таа беше приведена за време на пропалестинските протести против учеството на Израел на натпреварот за песна на Евровизија во Малме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОЖАР ВО СЕДИШТЕТО НА ЦИА: Пожарникари интервенирале…

Пожар избувнал во седиштето на американската Централна…

САД предупредуваат дека украинските напади длабоко на…

Пентагон денеска ги замоли западните земји кои…

КИБЕРНАПАД ВРЗ НАЈГОЛЕМИОТ СНАБДУВАЧ СО ПРИРОДЕН ГАС…

Норвешкиот енергетски гигант „Еквинор“ (Equinor), најголемиот снабдувач…

ПОРАНЕШНИОТ БУГАРСКИ ЦАР СО ПОРАКА ПО СРЕДБАТА…

Поранешниот бугарски цар и експремиер Симеон Сакскобурготски…

НЕОЧЕКУВАН ПОВИК ВО ИЗРАЕЛСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Нетанјаху итно…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, според информации што…