Објавено на:

Претреси во село Гајре, се бара убиецот од Тетово

t

МВР индормира дека се направени претреси во тетовското село Гајре, а едно лице е задржано на разговор во врска со убиството што се случи пред неколку дена.

-Во врска со настанот во кој на 05.07.2024 во Тетово, едно лице кое било со возило „мерцедес” пукало кон возило „бмв” во кое било лицето со иницијали Р.Т.(39), кое од добиените повреди починало, ве известуваме дека од страна на МВР – Биро за јавна безбедност се преземени дополнителни мерки за пронаоѓање на лицето за кое постојат основи на сомневање дека е потенцијалниот сторител, информираат од МВР и додаваат:

-По издадени наредби од страна на Основен суд Тетово извршени се претреси на три локации во село Гајре, од каде се одземени предмети кои може да бидат корисни за расчистување на настанот, а во Полициска станица Тетово едно лице е задржано на информативен разговор. Целокупните дејствија се преземаат во координација со надлежното Јавно обвинителство, а во целиот случај од првиот момент се вклучени и полициски службеници од Одделот за крим полиција при БЈБ, информираат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…

Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…

Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…

ПДПР со демант и објаснување на денешниот…

Реакција и демант По повод видеото што…

Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…

*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…