Што може да ви се случи доколку ве касне црна вдовица?
Македонската јавност вчера беше видно вознемирена откако докторот Андон Чибишев објави дека црна вдовица каснала жител на Струмица.
Што знаеме за овој пајак? Црната вдовица е најотровниот вид пајак во Европа, односно еден од најотровните видови во светот. Распространет е на сите континенти. Убодот од црна вдовица е екстремно опасен. Отровот на овој пајак е 15 пати посилен од другите пајаци, а кај здравите лица ретко предизвикува смрт.
Првите 15 минути ќе почувствувате грчеви на местото каде што ве каснало. Во првиот час бедрата, грбот и рамената почнуваат да се грчат, бидејќи отровот го тера нервниот систем да се ослободи од неуротрансмитерите задолжени за работа на мускулите. Тогаш започнуа отежнато стоење и седење. Потоа станува уште потешко. Следните два часа се јавува тапа болка во подрачјето на абдоменот, а помеѓу третиот и дванаесетиот час кожата станува влажна, се јавуваат тешкотии при дишење, грчеви по телото, а можна е појава на несвестица.
По 12 часа симптомите полека се смируваат, но за целосно исцелување потребни се неколку дена. Грчевите и слабост на мускулите можат да трат со недели, па дури и месеци, по убодот, пишуваат странските медиуми.