Објавено на:

Обвинителството во Париз отвара истрага за нелегално финансирање на кампањата на Марин Ле Пен

t

Париското обвинителство неодамна отвори истрага поради сомневање за недозволено финансирање на кампањата на лидерот на десничарското Национално обединување, Марин Ле Пен, за време на претседателските избори во 2022 година, пренесува БФМТВ повикувајќи се на свои извори.

Одлуката за започнување на истрагата беше донесена по објавувањето на извештајот на Националната комисија за трошоци на кампањи и политичко финансирање (CNCCFP) во април. За време на изборите, кандидатите не смеат да го надминат законскиот лимит, а задачата на Комисијата е да ги провери трошоците на кампањата на секој кандидат за да утврди дали ги почитувал пропишаните рамки.

Ако кандидатите ги почитувале прописите, државата им надоместува дел од трошоците, но ако не ги почитувале, Комисијата може да ги преиспита нивните трошоци на кампањата, да ги намали средствата што им ги дава државата или да го предаде случајот на суд ако оцени дека е тоа неопходно, наведува БФМТВ.

Комисијата, постапувајќи во согласност со тоа, поднесе извештај до канцеларијата на парискиот обвинител во врска со трошоците на кампањата на Марин Ле Пен за време на изборите во 2022 година. Според БФМТВ, Ле Пен не е единствениот кандидат на тие претседателски избори кој е споменат во извештајот на Националната комисија за трошоци на кампањи и политичко финансирање, но за нејзиниот случај е отворена судска истрага

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ахмети: Македонските, албанските и српските криминалци соработуваат,…

Криминалот не познава етнички граници, додека политичарите…

ПРЕКИН НА КЛУЧЕН ПОДМОРСКИ ИНТЕРНЕТ-КАБЕЛ: Пакистан се…

Сериозни нарушувања во интернет-комуникациите се пријавени во…

Се запалиле бандери за електрична енергија во…

Скопските пожарникари вечерва имале полни раце работа.…

Горело патничко возило, ЦУК се огласи за…

Пожар избувнал вечерва во подземниот паркинг на…

ГОЛЕМ ПРЕКИН НА ИНТЕРНЕТОТ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Проблеми…

Голем прекин на интернет-услугите вечерва, 18 ноември,…