Објавено на:

Затвореник од Струмица се обидел да побегне во Грција: Фатен на граница со лажни бугарски документи

t

Полициските службеници на Граничниот премин Богородица синоќа го уапсиле 32-годишниот А.Р. од струмичкото село Баница кој со фалификувана бугарска лична карта на туѓо име се обидел за излезе од Македонија.

При дополнителните проверки било утврдено дека А.Р. издржувал затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Штип, од каде бил пуштен на викенд и отсуството се обидел да го искористи за бекство од државата.

Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Гевгелија, по што бил спроведен во установата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Деветнаесет години од загинувањето на Тоше Проески

Македонија и Балканот се сеќаваат на Тоше…

Прометот во индустријата зголемен за 8,8 проценти…

Прометот во индустријата во август 2026 година…

Ројтерс: Наредбата за ограничување на Starshield за…

Одлуката за ограничување на пристапот на Украина…

САД подготвуваат план за употреба на „мајката…

Белата куќа подготвува планови за можна употреба…

Израел ја зголемува готовноста: Извештаи за нови…

Западни разузнавачки служби регистрирале нови воени активности…