Зеленски: Недоволна количина на оружје, ваков број на „Абрамси“ и „Ф-16“ не ја менуваат ситуацијата на бојното поле
Тенковите „Абрамс“ кои Киев ги доби од САД не можат многу да влијаат на текот на конфликтот, рече шефот на украинската држава, Володимир Зеленски, говорејќи во центарот Роналд Реган во Вашингтон.
„Не сум сигурен дека овој број тенкови може да ја промени ситуацијата на бојното поле“, рече тој.
Володимир Зеленски истакна и дека дополнителните системи за противвоздушна одбрана што сојузниците му ги ветија на Киев „не можат да бидат доволни“, како и ловците Ф-16, кои се очекува да пристигнат во Украина во текот на летото.
„Новите системи Патриот ќе помогнат. Но, тие не се доволни. Никогаш нема доволно од нив. Овие пет системи, секако, ќе помогнат многу“, рече Зеленски.
Тој призна дека руската армија брзо учи, совладува нови технологии, користи нови беспилотни летала и ракети.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Русија и Украина повторно разменија заробеници
Нова група руски војници е вратена од…
Украина дозволи двојно државјанство за справување со…
Парламентот на Украина денес усвои нов закон…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Путин да се фокусира на мирот во…
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…