(Фото+Видео) „Мистериозен“ објект снимен над руски градови, ова е можно објаснување за невообичаената светлина над ноќното небо
Жителите на неколку руски региони објавија на социјалните мрежи дека забележале необичен светлечки објект на небото и објавија фотографии и видеа.
Жителите на регионите Белгород, Ростов, Воронеж и Брјанск, како и граѓани на Москва и Санкт Петербург, пријавиле дека виделе светлечки објект околу кој биле забележани концентрични кругови.
Истото го пријавиле и граѓани на Украина и Белорусија.
Руските медиуми забележуваат дека најверојатно станува збор за ракета-носач Ариана 6, лансирана претходно од космодромот Куру.
Новата европска ракета Ариана 6 беше лансирана во вторникот вечерта во Француска Гвајана. Товарот на ракетата-носач се сателити, кои ги подигна на височина од 600 километри.
Потсетуваме дека на 5 јули беше снимена и „мистериозна“ светлина на небото над Истанбул. Светлата трага што ја видоа граѓаните на Истанбул и Анкара најверојатно е резултат на пад на метеор.
📷 Светящийся объект заметили в ночном небе жители ряда регионов России
Пользователи соцсетей сразу стали думать, что это НЛО, но, скорее всего, речь может идти о ракете-носителе Ariane 6, запущенной ранее с космодрома Куру во Французской Гвиане.#новости #Россия pic.twitter.com/jEH82ALbnb
— @kpru (@kpru) July 10, 2024
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тројца лишени од слобода за разбојништво во…
На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…
Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда
Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…
Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…
„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…