Кражба на бензинска во Скопје: Со нож му се заканиле на вработениот
Уапсен 35-годишен скопјанец кој извршил насилна кржба на бензинска во Чаир.
Денеска (10.07.2024) во 05.20 часот на подрачјето на Чаир полициски службеници од Полициската станица Чаир го лишиле од слобода В.В.(35) од Скопје, поради тоа што околу 03.00 часот на бензинска пумпа со закана со остар предмет кон вработениот одзел пари и мобилен телефон.
Со него бил извршен службен разговор и кај него биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривичното дело, кои ќе бидат вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот СВР Скопје – ЕВР Чаир ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „разбојништво“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел очекува одлука на САД за приклучување…
Израел сè уште очекува дека американскиот претседател…
Околу 150 луѓе од „непријателски земји“ се…
Околу 150 луѓе емигрираат во Руската Федерација…
Сообраќајна несреќа во Аеродром, едно лице е…
Сообраќајна несреќа се случи попладнево во Аеродром…
„Водовод“ со апел: Да не се троши…
ЈП Водовод и канализација – Скопје информира…
Хакери тврдат дека збришале 90 милиони долари…
Хакери кои веројатно имаат врски со Израел…