Објавено на:

Орбан: Ниту една сериозна личност не може да зборува за намерата на Русија да го нападне НАТО

t

Унгарскиот премиер Виктор Орбан во интервју за весникот „Билд“ изјави дека, според него, е невозможно рускиот претседател Владимир Путин да нападне земја на НАТО, јави ДПА.

„Ниту една сериозна личност не може да зборува за намерата на Русија да го нападне НАТО“, изјави Орбан за „Билд“.

Нападот врз НАТО е целосно невозможен – не само за Русија, туку и за кој било во светот – бидејќи тоа е убедливо најсилната воена заедница, додаде Орбан.

Унгарскиот премиер рече дека сите земји на НАТО стојат на ветувањето за колективна безбедност, што значи дека нападот врз еден сојузник на НАТО е напад врз сите.

Русите имаат поинаква историја и култура и различно разбирање за слободата и националниот суверенитет од Европејците, рече Орбан, кој минатата недела се сретна со Путин во Москва.

„Но, тие се рационални, тие се хиперрационални“, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се подтготвува формирањето на Бекташката држава во…

Подготовките за создавање на суверена држава на…

Македонија пред нов, екстремно топол бран

Од четврток (20 август) па сѐ до…

Иран најави договор со Оман за безбеден…

Иранскиот министер за надворешни работи, Сејед Абас…

Германците се сомневаат дека претседателката на Словенија…

Откако австриската новинска агенција АПА и словенечкиот…

Лондон: Стоиме зад Украина и продолжуваме да…

Велика Британија изјави дека стои зад Украина…