Објавено на:

Сијарто: Ако не ја запреме војната стотици илјади луѓе ќе загинат, а Украина ќе биде уништена

t

Стратегијата на Европската унија и НАТО не донесе резултати во решавањето на конфликтот во Украина, а без негов крај земјата ќе биде уништена, изјави министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто.


„Стратегијата што ЕУ и Алијансата ја спроведуваат последните две и пол години едноставно не даде никаков резултат бидејќи ситуацијата се влошува, гледате жестоки напади. Го гледате ризикот од ескалација. Ја гледате бруталноста на бојното поле. И мислам дека ситуацијата ќе се влоши. Ако не успееме да ја запреме војната, илјадници, десетици илјади или стотици илјади луѓе ќе загинат, а Украина ќе биде уништена“, предупреди Шијрото во интервју за Си-Ен-Ен.

Според него, Украина не успеала да постигне успех на бојното поле.
„Кога ќе прашаме колкав е конечниот број на оружје треба да биде испорачан за да се сврти бранот на бојното поле, никој не може да одговори“, објасни тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија изгубила речиси милион и пол војници…

Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…

Маѓар: Унгарија сака мир, затоа ѝ се…

Унгарија во денешниот несигурен свет има потреба…

Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…

Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…

(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…

Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…

Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…

Украина во следните три до шест месеци…