Запалено српското знаме во Косовска Митровица
Непознати лица го запалиле српското знаме во близина на кафеана во северниот дел на Косовска Митровица, објави во 24-часовниот извештај полициската управа во Приштина.
По прегледувањето на видеото, „забележано е дека покрај локалот поминале четири непознати лица и постои сомневање дека едно од нив го запалило знамето“.
Заменик директорот на таканаречената полиција за северниот регион Ветон Ељшани за медиумите потврди дека тоа е знамето на Србија.
Случајот е во тек, а истрагата се води за кривично дело „предизвикување раздор и нетрпеливост“, јавува РТС.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…
Косово ќе прифати до 50 мигранти од…
Косовската влада денес одлучи да прифати до…
КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција ја спроведуваат…
Припадници на КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција…