Реџеп Мемеди е нов директор на Детската клиника
Специјалистот педијатар д-р Реџеп Мемеди е назначен за директор на Универзитетската клиника за детски болести, соопшти Министерството за здравство.
Мемеди доаѓа на местото на д-р Валентина Цвејоска- Чолаковска која досега ја извршуваше функцијата директор на Клиниката за детски болести.
Министерот за здравство, Арбен Таравари во изминатите неколку дена именуваше нови в.д. медицински директори во неколку јавни здравствени установи.
„На Универзитетска клиника за дигестивна хирургија за директор е именуван проф. д-р Огнен Костовски, на Клиниката за пулмологија и алергологија за директор е именуван прим. д-р Оливер Зафировски, а во Градската општа болница „8 Септември“ за директор е именуван проф. д-р Синиша Стојаноски“, информираат од министерството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британец починал на Клиника, бил донесен во…
Вчера вечер, во 19.12 часот во СВР…
Кинеските болници преплавени со тешки случаи на…
Mycoplasma pneumoniae предизвикува бран тешки заболувања кај…
Познат кардиохирург го нападнал директорот и медицинска…
МВР информира дека денеска околу 10.00 часот…
Отворање на Центар за фетална медицина во…
На ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и…
Дали универзитетските клиники ќе останат без професори…
Стотина професори и доктори од медицината ќе…