Трамп: Бајден нема да се повлече од претседателската трка
Поранешниот претседател на САД и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека очекува американскиот претседател Џо Бајден да остане во претседателската трка и покрај повиците од Демократската партија тој да се повлече и да го замени со помлад кандидат.
Трамп оцени дека Бајден нема да се повлече поради „неговото его“.
-Тие (демократите) го покриваат Бајден, но тоа е се потешко да се направи. Тој се уште е во трка поради неговото его и не сака да се откаже, изјави Трамп во интервју за Фокс њуз.
Трамп, исто така, процени дека доколку Бајден се повлече, на негово место ќе дојде потпретседателката на САД Камала Харис.
Тој додаде дека демократите не можат да го отстранат Бајден доколку тој самиот не го направи тоа или не можат да се повикаат на 25-тиот амандман на Уставот. Според 25-тиот амандман, потпретседателот и мнозинството од кабинетот на претседателот можат да гласаат за претседателот „неспособен да служи“, што би го назначувало потпретседателот за вршител на должноста претседател.
Повиците Бајден да се повлече од претседателската трка следеа по неговите лоши перформанси во дебатата со Трамп на 27 јуни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел со 60 авиони го нападна Иран
Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни…
Израелски тенк пукал во толпа и убил…
Израелски тенкови денеска отвориле оган врз толпата…
Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…
Повеќе од шест месеци – уште од…
Студентите поднесоа нова кривична против Вучиќ за…
Студентите кои ги блокираа правните и медицинските…
Скопјнец возел со 1.34 промили алкохол во…
Поради основано сомневање дека сторил кривично дело…