Објавено на:

Се шири аферата „Рајнметал“ – Кремљ негира дека Русија планирала убиство на директорот на германската компанија за оружје

t

Медиумските извештаи дека Москва планирала атентат на извршниот директор на германскиот производител на оружје „Рајнметал”, Армин Папергер, се базираат на лажни информации од анонимни извори, соопшти денеска Кремљ.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека извештаите доаѓаат од анонимни извори, дека не содржат „сериозна документација“ и дека затоа „не можат да се сфатат сериозно“, пренесува Радио Слободна Европа.,

Си-Ен-Ен и Њујорк Тајмс вчера објавија дека американските разузнавачки служби откриле дека Русија планира атентат на извршниот директор на „Рајнметал”, која произведува артилериски гранати и воени возила за Украина. Си-Ен-Ен во својот извештај се повика на пет неименувани американски и западни функционери, наведувајќи дека САД за сето тоа ја информирале Германија, чии безбедносни служби успеале да го заштитат Папергер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ахмети: Македонските, албанските и српските криминалци соработуваат,…

Криминалот не познава етнички граници, додека политичарите…

ПРЕКИН НА КЛУЧЕН ПОДМОРСКИ ИНТЕРНЕТ-КАБЕЛ: Пакистан се…

Сериозни нарушувања во интернет-комуникациите се пријавени во…

Се запалиле бандери за електрична енергија во…

Скопските пожарникари вечерва имале полни раце работа.…

Горело патничко возило, ЦУК се огласи за…

Пожар избувнал вечерва во подземниот паркинг на…

ГОЛЕМ ПРЕКИН НА ИНТЕРНЕТОТ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Проблеми…

Голем прекин на интернет-услугите вечерва, 18 ноември,…