Муцунски – Борел во Вашингтон: Нашето членство во Европската Унија останува најважен приоритет на новата влада

t

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со Жозеп Борел, потпретседател на ЕК и висок претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, во рамки на НАТО Самитот во Вашингтон.

На средбата стана збор за нашето европско досие, процесот на пристапување во Европската Унија и внатрешно-политичката динамика во земјата.

Воедно, Муцунски ја апострофираше нашата цврста заложба за имплементација на реформските процеси, како и определбата за посветена работа во насока на забрзување на евроинтегративниот процес на земјава.

Муцунски истакна дека земјата останува силно посветена на евроинтегративниот процес, особено во делот на исполнување на условите и имплементација на реформите. Притоа, ја нагласи потребата од забрзана интеграција со учество во повеќе конфигурации на Советот на ЕУ, зголемена помош или прогресивен влез во политиките и придобивките резервирани за земјите членки. Во тој контекст, беше поздравен и Планот за раст на ЕУ и нашата посветеност на Реформската агенда, што е значајно за стабилноста и просперитетот на нашите граѓани и земјите од регионот.

“Нашето членство во Европската Унија останува најважен приоритет на новата влада. Потребно е земјите од Западен Балкан да покажат проактивност во делот на исполнување на реформите, додека ЕУ треба да ги потврди заложбите и подготвеноста за прием на нови земји членки. Зачувувањето на кредибилитетот на процесот на проширувањето е од клучно значење, а во моментот неопходна е постепена интеграција пред формално членство во Унијата”, истакна Муцунски.

Соговорниците се осврнаа и на европските интеграции во регионален контекст, а ги разгледаа и модалитетите за зајакнување на соработката меѓу државите од регионот и ЕУ. Воедно, ја поздравија целосната усогласеност на земјава со Заедничката надворешна и безбедноста политика на ЕУ, што е особено значајно имајќи ги предвид актуелните геополитички случувања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Погрешно ме разбраа кога реков дека…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговите…

САД директно ќе пренесуваат стрелање на војник…

Пентагон најави телевизиски пренос „во живо“ од…

Со алабнско знаме во раце ги запирал…

СВР Скопје презеде мерки против возач кој…

Родителите на починатите од Пулс: Во овој…

Логичното прашање е: ако вештакот на одбраната…

САД издадоа безбедносно предупредување за целиот Блиски…

Американскиот Стејт департмент, според најновите информации, издал…