Денес е Павловден – еве кои се обичаите и верувањата за овој ден
По Петровден денеска е големиот православен празник Павловден кој се празнува на 13 јули.
На Павловден именден слават тие што го носат името Павле, Пајо, Павлина и сл. иако и претходниот ден може да се сретне празнување на овие имендени, затоа што претходниот ден се празнува споменот на двајцата апостоли.
На Павловден жените повеќе му посветуваат внимание од Петровден.
Во некои места на овој ден не се работи за да не се дојде до контакт со пајаци, да не го каснат некого при полските работи, жетва, врзување снопови, и слично.
Се верува дека човек каснат од пајак на овој ден тешко ќе оздрави. Затоа овој ден е познат и како Пајаковден.
Денеска се празнува и Собор на Светите славни и сефални Апостоли.
Иако секој од Светите големи Апостоли има свој посебен ден за празнување во годината, сепак овој ден Црквата го одреди како соборен празник на сите заедно, а со нив и Павле. Ова се имињата и деновите на посебното празнување на Дванаесеттемина: Петар – 29 јуни и 16 јануари; Андреј на 30 ноември; Јаков Заведеев на 30 април; Јован Богослов на 26 септември и на 8 мај; Филип на 14 ноември; Вартоломеј на 11 јуни и на 25 август; Тома на 6 октомври; Матеј евангелистот на 16 ноември; Јаков Алфеев на 9 октомври; Тадеј на 19 јуни; Симон Зилот на 10 мај; Матиј на 9 август; Павле на 29 јуни. Да спомнеме уште за начините како секој од овие најсвети и најполезни луѓе во историјата на светот го заврши својот живот на земјата: Петар беше распнат на крст главечки; Андреј беше распнат; Јаков Заведеев го убија со меч; Јован Богослов се упокои чудесно; Филип беше распнат на крст; Вартоломеј – распнат, па одран и заклан; Тома беше избоден со пет копја; Матеј го изгореа во оган; Јаков Алфеев – распнат на крст; Тадеј – распнат; Симон Зилот – распнат; Матиј го каменуваа, па мртов го расекоа со секира; Павле го убија со меч.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денеска се празнуваат Свети Еразмо Охридски и…
Свети Еразмо Охридски Овој светител беше родум…
Денеска се празнува Слегување на Светиот Дух…
Празникот Педесетница, во народот познат како Духовден,…
Верниците од исламска вероисповед го слават Курбан…
Верниците од исламска вероисповед денеска го слават…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Календар на МПЦ: Денес се празнуваат овие…
Свети Епифаниј, епископ Кипарски Роден како Евреин,…