Објавено на:

Косовски Албанец осуден на 15 години затвор за масакр врз албански цивили

t

Основниот суд во Приштина го прогласи косовскиот Албанец Мухамет Алидемај за виновен и го осуди на 15 години затвор за воени злосторства во војната од 1999 година во селото Избица, општина Србица (Скендерај) во северозападно Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според обвинението, Алидемај учествувал, заедно со припадниците на српските полициски и воени сили, во убиството на албански цивили во масакрот во Избица во март 1999 година, во кој се убиени и масакрирани 130 Албанци, објави невладината организација која го надгледува косовското правосудство, „Заклетва за правда“.

Пресудата против Алидемај вчера ја објави судијата Весел Исмаили, кој рече дека во затворската казна ќе му се смета и времето поминато во притвор.

Алидемај бил уапсен на 31 март 2021 година додека се враќал од Србија во Косово, за прв пат по војната 1998-1999 година. Оттогаш тој е во притвор, а се изјасни за невин по сите обвиненија против него.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Монструмот од Грац ѝ испратил проштално видео…

Вооружениот напаѓач осомничен за убиство на десет…

„Беше тивок, никогаш не би рекол дека…

Во масакрот во училиштето во Грац убиени…

Во масакрот во Грац убиена 15-годишната Леа…

15-годишната Леа Бајрами, родена во градот Витина…

Убиецот од Цетиње бил условно осуден, експлозив…

Вршителот на должноста директор на полициската управа…

Масакр во џамија во Саудиска Арабија, над…

Најмалку 31 лице загина при воздушен напад…