Објавено на:

Србија и Египет потпишаа Договор за слободна трговијa

t

Во присуство на српскиот претседател Александар Вучиќ и египетскиот претседател Абдел Фатах Ал Сиси денеска во Каиро беше потпишан Договорот за слободна трговија меѓу двете земји.
Договорот за слободна трговија го потпишаа министерот за внатрешна и надворешна трговија на Србија, Томислав Момировиќ и министерот за инвестиции и надворешна трговија на Египет, Хасан Ал Хатиб.


По двегодишни преговори, Договорот за слободна трговија меѓу Србија и Египет ќе опфати повеќе од 16.000 производи кои ќе се извезуваат и увезуваат во Србија и Египет.
Министерот Момировиќ претходно изјави дека по ратификацијата на Договорот за слободна трговија со Египет, царините ќе бидат укинати за речиси целото српско земјоделство.
„Штом ќе биде ратификуван Договорот за слободна трговија, ќе се укинат царините од 40 отсто за свежите јаболка, како и царините од 30 отсто за сувите сливи и 20 отсто за замрзнатите бобинки. Тарифите за производите од нашата прехранбена индустрија, кои сега се движат од 20 на 60 отсто полека ќе почнат да се намалуваат, а ќе се укинат и царините за минералната вода и безалкохолното пиво, кои сега се движат меѓу 20 и 30 отсто“, рече Момировиќ.
Тој посочи дека тоа е голема шанса за земјоделците и домаќините од Србија, но и огромна шанса за српската керамичка индустрија, фармацевтската индустрија и многу други индустрии, пренесува Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…

Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…

Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…

В.д. директорот на Поштата на Србија: Продолжен…

В.д. директорот на Поштата на Србија, Зоран…

Србија ќе го награди Ноле со државна…

Новак Ѓоковиќ го освои златото на Олимписките…

Нов протест на Србите во Косово утре

Жителите на српските средини во Косово утре…