Објавено на:

Кејт Мидлтон утре ќе присуствува на машкото финале на Вимблдон

t

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон утре ќе присуствува на машкото финале на Вимблдон, потврдија од Кенсингтонската палата.

Тоа ќе биде второ појавување на Кејт Мидлтон во јавноста откако во март објави дека боледува од рак, пренесува Sky News.

Откако објави дека боледува од рак, принцезата за прв пат беше присутна во јавноста на 15 јуни, на настанот „Trooping the Color“.

Таа во март објави дека од февруари прима превентивна хемотерапија, но не прецизираше за каков вид на рак се работи.

Пред нејзиното прво појавување во јавноста, Кејт Мидлтон рече дека се надева дека „ќе биде на други јавни настани планирани во текот на летото“, но не може да потврди ништо со сигурност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Синер ја одбрани титулата на Вимблдон

Италијанскиот тенисер Јаник Синер го одбрани трофејот…

Историски ден за македонскиот тенис – Ѓорческа…

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа денеска точно…

Ѓорческа денеска игра за историски пласман на…

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, денеска ќе…

Синер е новиот шампион на Вимблдон

Најдобриот светски тенисер Јаник Синер од Италија…

(Видео) Громогласен аплауз: Кејт Мидлтон пристигна на…

Принцезата од Велс, Кејт денеска се појави…