Лукашенко: Тензиите на украинската граница се елиминирани
Тензиите на границата со Украина се елиминирани, изјави белорускиот претседател Александар Лукашенко на состанокот посветен на воената безбедност во јужната оперативна област, пренесе ТАСС.
„Откако завршивме одредена работа, Украинците ги повлекоа своите вооружени сили и дополнителните трупи, кои ги распоредија долж нашата граница. Тие ги повлекоа од границата и генерално се повлекоа од белоруско-украинската гранична област. Сега немаме проблеми со Украинците и се надевам дека нема да имаме“, рече претседателот, цитиран од новинската агенција БелТА.
Лукашенко нареди да се повлечат дополнителните сили распоредени на украинската граница
Белорускиот претседател Александар Лукашенко нареди да се повлечат војниците распоредени на украинската граница во нивните постојани бази откако таму беа елиминирани тензиите, објави новинската агенција БелТА.
„Не треба да има никакви непотребни потези“, рече Лукашенко на состанокот за воената безбедност во јужната оперативна област, пренесе БелТА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ахмети: Македонските, албанските и српските криминалци соработуваат,…
Криминалот не познава етнички граници, додека политичарите…
ПРЕКИН НА КЛУЧЕН ПОДМОРСКИ ИНТЕРНЕТ-КАБЕЛ: Пакистан се…
Сериозни нарушувања во интернет-комуникациите се пријавени во…
Се запалиле бандери за електрична енергија во…
Скопските пожарникари вечерва имале полни раце работа.…
Горело патничко возило, ЦУК се огласи за…
Пожар избувнал вечерва во подземниот паркинг на…
ГОЛЕМ ПРЕКИН НА ИНТЕРНЕТОТ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Проблеми…
Голем прекин на интернет-услугите вечерва, 18 ноември,…