Бајден веднаш разговараше со Трамп по обидот за атентат
Американскиот претседател Џо Бајден во саботата вечерта разговараше со неговиот претходник и републикански ривал Доналд Трамп, неколку часа откако Трамп го преживеа обидот за атентат врз него.
Трамп (78) бил погоден со куршум во горниот дел од десното уво кога осомничениот за пукањето испукал повеќе истрели кон бината од подигната позиција надвор од местото на митингот во Батлер, Пенсилванија, во саботата, соопшти американската тајна служба.
Напаѓачот уби еден присутен на митингот, а други двајца се тешко повредени.
„Оваа вечер, претседателот Бајден разговараше со поранешниот претседател Трамп. Претседателот разговараше и со гувернерот на Пенсилванија Џош Шапиро и со градоначалникот на Батлер Боб Дендој“, соопшти Белата куќа.
Бајден овој викенд беше во својот дом во Делавер, но се врати во Белата куќа по полноќ.
„Утре наутро во Белата куќа, тој ќе добие ажуриран брифинг од претставници на домашната безбедност и за спроведување на законот“, соопшти Белата куќа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Црна Гора спречен атентат со снајпер…
Во текот на оваа недела, во Црна…
Трамп со порака до Иран: Време е…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото…
Трамп ја откажа посетата на американските претставници…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата…
(Видео) Трамп: Тие ја нарекуваат војна, ние…
Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече лидерот…
Русија тврди дека и Полска е вмешана…
Руската разузнавачка служба ФСБ тврди дека обидот…