(Видео) СЕРИОЗЕН ПРОПУСТ! Го видел напаѓачот пред да пука во Трамп, предупредил, но никој не реагирал
Сведокот Грег Смит, кој бил присутен на предизборниот митинг на Доналд Трамп во Пенсилванија, тврди дека го видел напаѓачот на покривот неколку минути пред да се случи нападот и дека тоа и го посочил на полицијата, но дека никој не реагирал.
– Го следевме митингот, го слушавме Трамп. Не можевме да го видиме, но можевме да го слушнеме. По пет до седум минути од почетокот на неговиот говор, забележавме човек како ползи на покривот на зградата која беше оддалечена од нас околу 15-тина метри. Го вперивме прстот, јасно се гледаше дека е вооружен. Полицијата трчаше наоколу, но никој не не слушаше кога рековме дека на покривот има вооружен маж, но не разбраа за што зборуваме – рече сведокот.
Тој истакна дека на полицијата ѝ кажале дека човекот ползи по покривот и дека „се чудат зошто Трамп се уште го одржува својот говор и зошто обезбедувањето не го симнало од бината“.
– Стоев две до три минути и покажував кон човекот на покривот. Луѓето од тајната служба кои беа на другиот покрив не гледаа. Мислам дека оние на тој покрив не можеа да го видат затоа што беше заматен од нивниот поглед, но зошто членовите на Тајната служба не беа на секој покрив? Ова не е големо место. Следното нешто што се случи е тоа што испука пет куршуми. Апсолутно сум сигурен дека тој пукаше. Припадниците на тајната служба потоа му пукаа во глава, го видов тој момент. После тоа со вперени пиштоли се качија на покривот за да се уверат дека го ликвидирале – додаде сведокот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…
Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…
Голем пад на рејтингот на Трамп
Од март оваа година актуелниот претседател на…
Брижит Макрон и Доналд Трамп не го…
Првата дама на Франција Брижит Макрон предизвика…
(ВИДЕО) Откриено што му шепнала Меланија на…
Меланија Трамп мораше да интервенира и да…
Дали Меланија Трамп го прекрши протоколот за…
Католичката црква е позната по строгите правила…