Ново видео од обидот за атентет на Трамп
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера беше застрелан додека држеше говор на предизборен митинг во Пенсилванија, кога Томас Метју Крукс го застрела во уво. Сега на социјалните мрежи се појави видео од говорницата зад која стоеше ранетиот политичар.
На видеото се гледа како Доналд Трамп држи говор, додека публиката зад него верно слуша. Во еден момент се слушна истрел и настана општо лудило, Трамп погледна наоколу, а после тоа заврши на подот од говорницата.
Припадниците на службата кои биле задолжени да го обезбедуваат претседателскиот кандидат веднаш скокнале врз кандидатот за претседател, а кога станал ја поздравил толпата.
Младиот атентатор пукал повеќе пати во Доналд Трамп, а потоа бил убиен од Тајната служба. Напаѓачот бил на покривот на зградата на околу 150 метри од насобраната толпа. На снимките од местото на настанот се слушаат неколку истрели од огнено оружје, по што обезбедувањето вели дека атентаторот е убиен и дека е безбедно да се започне со евакуација на претседателот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Америка го бомбардираше Иран, објави Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп рано утринава, во…
Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…
Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…
Голем пад на рејтингот на Трамп
Од март оваа година актуелниот претседател на…
Брижит Макрон и Доналд Трамп не го…
Првата дама на Франција Брижит Макрон предизвика…
(ВИДЕО) Откриено што му шепнала Меланија на…
Меланија Трамп мораше да интервенира и да…