ВМРО ДПМНЕ потврди дека синот на Мицкоски бил во САД: „Претседателот има право на придружен член на делегација“
„СДС падна на многу ниски гранки чим меша деца на Мицкоски за политички поени, патувањето на синот државата не ја чини ништо, тој не е дел од делегацијата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ и додаде:
„СДС се спушти на многу ниски гранки чим си дозволи брутално да ги меша децата и најблиското семејство на премиерот Мицкоски. Не е малку што со години е предмет на најцрната кампања од СДС, за да сега Петровска која доживеа изборен дебакл го вмешува синот на Мицкоски. Тоа значи дека го пробија дното.
Фактите се следни:
Синот на Мицкоски не е дел од официјалната делегација во НАТО самитот. Иако претседателот Мицкоски има право на придружен член на делегација, патувањето на неговиот син државата не ја чини ништо, односно сите трошоци се подмирени приватно од семејството на Мицокски. За разлика од времето кога премиерот на СДС Ковачевски ги донесе децата како членови на официјална делегација.
Ако делегацијата сакала да сокрие нешто сигурно немаше да има фотографии од истата. Напротив се е транспарентно, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче…
Пензионерите денес имаат конкретени резултати кои што…
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си ги мерат „АРМИИТЕ“…
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ денес повторно…
ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче му смета секој успех…
Филипче денес се најде да зборува за…
ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за…
Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата…
ВМРО-ДПМНЕ: Економијата забрзува со раст од 4,З…
Додека СДС очајува и ликува на неуспех,…