Исклучени се два далекуводи поради пожарот во неготинско, нема прекини во снабдувањето со електрична енергија – Исфрлени се 44 тони вода!
Двата далекуводи на потегот од Пепелиште кон село Лакавица се исклучени од безбедносни причини со цел да се овозможат безбедни услови за интервенција од воздух и копно во гаснењето на пожарот. Исклучувањето нема никакви последици во тековното снабдување со електрична енергија, информираа попладнево од АД МЕПСО.
– Дежурните далекуводни екипи на АД МЕПСО, во текот на изминатата ноќ и во раните утрински часови работат на терен и ја следат ситуацијата со огнената стихија која го зафати потегот од Пепелиште кон село Лакавица, каде што транзитираат 400kV далекувод ТС Дуброво – ТС Штип 1 и 110kV далекувод ТС Дуброво – ТС Бучим. Во координација со тимовите кои учествуваат во гаснењето на огнената стихија, двата далекуводи се исклучени од безбедносни причини, а се со цел овозможување на безбедни услови за интервенции како од воздух, така и од копно. Исклучувањето на далекуводите не предизвикува никакви последици во тековното снабдување со електрична енергија – се наведува во информацијата од АД МЕПСО.
Оттаму посочуваат дека согласно одлуката и препораките на Владата за кризна состојба, екипите на АД МЕПСО, ќе ги насочат своите тековни теренски активности кон превентивно и активно учество во следење на состојбите со пожарите во близина на далекуводните траси.
– Двата хеликоптери од составот на воздухопловниот ВИНГ во претпладневниот период интервенираа со 22 ведра и исфрлено 44 тони вода на локациите на кои се побаруваше,- велат од ГШ на Армијата.
Оттаму додаваат дека припадниците на Армијата се справуваат со пожарите во неготинско на тешко пристапниот терен од земја и од воздух.
– Припадниците на Армијата кои од утринава се вклучија во гаснењето на пожарите во неготинскиот регион во координација со сите инволвирани субјекти во моментот интервенираат на посочените критични точки на многу тешко пристапен терен на планината Серта со цел локализирање на пожарот и негово ставање под контрола – се наведува во соопштението.
Владата доцна синоќа прогласи кризна состојба во времетраење од 30 дена по што од рано утринава во гаснењето на пожарите се вклучија припадници на Армијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украдено возило на АРМ кое било оставено…
Украдено возило во сопственост на Армијата кое…
ЕУ додели дополнителни 15 милиони евра помош…
Советот на ЕУ денеска донесе одлука за…
Запалена спортска обложувалница во Аеродром
Спортска обложувалница во Аеродром била запалена во…
Изгорела куќа на гурбетчии во Шуто Оризари,…
Вчеравечер полицијата примила пријава дека е запалена…
ДУИ го повика НАТО да интервенира за…
Намерното исклучување на Албанците од клучните позиции…