Девет лица се затруле со храна – Затворена пицерија во Гостивар
Од страна на инспекциските служби времено е затворена кујната на пицеријата ресторан во Гостивар, до добивање на резултатите од земените примероци за лабораториско испитување по информацијата дека вчера девет лица со симптоми за труење со храна се примени во Болницата во Гостивар.
– Согласно Упатството за постапување по алиментарни интоксикации, земени се мостри за лабораториско испитување од инкриминараната храна (пилешки стек, свежа марула и мајонез) и брисеви од работните површини, опремата и приборот и од вработените лица. На операторот со храна наредени му се превентивни мерки за темелно механичко и хемиско чистење на објектот, опремата и приборот, вонредна дезинфекција и вршење на вонредни санитарни прегледи на вработените лица – посочуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство.
АХВ апелира во услови на високи надворешни темеператури, операторите и
потрошувачите да внимаваат на безбедноста на храната со цел, како што велат, спречување на ризици од појава на можно труење со храна.
Во функција е ставена бесплатната телефонска линија за потрошувачите 0800 3 22 22
каде може да се пријави секој сомнеж поврзан со безбедноста на храната. Претставка граѓаните може да поднесат и лично во Агенцијата, или во нејзините подрачни единици, како и електронски на [email protected].
Вкупно девет лица вчера биле згрижени во Инфективното оддление во гостиварската Болница, со симптоми на труење. По дадената терапија сите се испратени дома и нема потешки случаи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почина 43-годишник од Гостиварско откако бил каснат…
МВР информира дека синоќа во 21.11 часот…
Драма кај Гостивар: Млада жена извлечена од…
Тежок сообраќаен инцидент се случи денеска на…
Деветгодишно дете тешко повредено откако го прегазиле…
Девојче на возраст од девет години од…
Смртоносна бактерија откриена во уште еден прехранбен…
Прехранбен производ е итно повлечен од продажба…
(Документи+видео) Судии, обвинители и извршители се намерачиле…
Кај нас има една изрека, „правдата е…