Објавено на:

Ѓоковиќ: Разочаран сум, но и горд – сѐ уште сум дете кое ги живее својот сон!

t

Карлос Алкараз убедливо го совлада Новак Ѓоковиќ (6-2, 6-2, 7-6) во финалето на Вимблдон, што донесе емоции кај српскиот тенисер по неочекувано лесно претрпениот пораз.

Иако многумина очекуваа дека Србинот уште во првата недела ќе отпадне од турнирот поради неодамнешната операција на коленото, тој стигна до финалето, каде што се соочи со ептен расположен противник. На коментарот на водителот на програмата дека Алкараз е „жежок“, што предизвика смеа, бидејќи на англиски истиот збор се користи кога некој е многу убав, се насмеа и Новак.

„Да, денеска беше многу жежок. Ова не е резултатот што го посакував, особено во првите два сета. Нивото на тенис не беше на ниво од моја страна. Карлос одигра добро, целосно. Спасив три меч топки, но тоа не беше доволно. Тој заслужено победи. Големи честитки за фантастичниот тенис“, изјави Новак по финалето.

Тој зборуваше и за операцијата, но и за тоа дека играше во 10-тото финале на Вимблдон.

„Да, мора да бидам многу горд. Во моментов сум малку разочаран. Но, кога зборуваме низ што поминав со мојот тим и семејството, мора да кажам дека сум задоволен. Беше мојот детски сон да играм овде. Одвреме-навреме се потсетувам колку е нереално чувството да се биде овде, иако имам одиграно многу натпревари. За трофејот се борев 10 пати. Секој пат е како првпат да излезам на теренот. Јас сум дете што ги живее моите детски соништа, ви благодарам на сите за тоа“, дополни Србинот.

Тој упати емотивна порака до семејството и тимот.

„Ѝ кажувам на жена ми дека ја сакам, ти благодарам за поддршката, што си тука за мене. На моите прекрасни деца, Тара и Стефан, ви благодарам што секојдневно ми носите насмевка на лицето. Секогаш кога ќе ги погледнам плачам на церемонијата. Благодарен сум што сум татко на овие ангели кои се повеќе го сакаат тенисот. Сине, не знам дали имам храброст да продолжам со тренерската кариера, но ако сакаш, јас ќе бидам тука за тебе. Им благодарам на тренерите, на физиотерапевтот и на менаџерот што беа со мене. Вие сте единствените кои знаат низ што минавме изминативе 20 години. Да продолжиме на ист начин“, заврши Ѓоковиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денеска се празнува Преподобната маченичка Параскева

Родена е во Рим од родители христијани.…

Метео: Сончево и топло со температури до…

Од УХМР јавуваат дека времето денес ќе…

Герасимов: Запрено е напредувањето на украинските сили…

Напредувањето на вооружените сили на Украина длабоко…

Рускиот опозициски активист: Украина е жртва на…

Рускиот опозициски активист Илја Јашин вели дека…

Во Брисел е нападнат амбасадорот на Азербејџан…

Амбасадорот на Азербејџан во НАТО и неговата…