Објавено на:

Прво појавување на Трамп по обидот за атентат: Најави промени!

t

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп пристигна во Милвоки на четиридневната Национална конвенција на Републиканците, на која и официјално ќе ја прифати номинацијата на републиканците за претседател. Ова е негово прво појавување во јавноста откако беше полесно повреден во атентатот што се случи во саботата.

Трамп за „Washington Examiner“ изјави дека по атентатот целосно го сменил говорот што ќе го одржи во четврток, на последниот, четврти ден од конвенцијата на републиканците во Милвоки и изјавил дека ќе повика на нови напори за национално единство.
Трамп рече дека сака да го искористи историскиот момент и да ја обедини земјата.


„Говорот што планирав да го одржам во четврток требаше да биде навистина моќен. Да не се случеше ова (обид за атентат во Пенсилванија), тоа ќе беше еден од најневеројатните говори фокусирани главно на политиката на претседателот Џозеф Бајден. Искрено, сега ќе биде сосема поинаков говор“, рече Трамп.


Тој рече дека говорот ќе го одрази неговото верување дека нападот на митингот во Пенсилванија целосно го променил текот на изборната кампања, што и републиканците и демократите веќе го потврдија.
Трамп рече дека неговиот говор ќе биде одговор на моментот наметнат од историјата.
„Ова е можност да се обедини земјата, дури и целиот свет. Говорот значително ќе се разликува од планираниот пред два дена“, рече Трамп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…

Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…

Голем пад на рејтингот на Трамп

Од март оваа година актуелниот претседател на…

Брижит Макрон и Доналд Трамп не го…

Првата дама на Франција Брижит Макрон предизвика…

(ВИДЕО) Откриено што му шепнала Меланија на…

Меланија Трамп мораше да интервенира и да…

Дали Меланија Трамп го прекрши протоколот за…

Католичката црква е позната по строгите правила…