Се препукуваат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: Едните да ги покажат сметките, другите да го покажат Аудито

t

Мицкоски ја лаже јавноста, зошто не ги објави приватните сметки за патувањето на синот, реагираат од СДСМ во ново партиско соопштение.

– Мицкоски веќе два дена се крие и не одговара на прашањата на граѓаните и јавноста во однос на патувањето на синот во Вашнгтон како дел од делегацијата на Владата. МНР невешто се обидува да го брани Мицкоски кој се крие, а може со само една постапка да ги отфрли сите обвинувања – да ги објави сметките со кои тврди дека приватно го платил патувањето на синот.

Мицкоски го започна мандатот ветувајќи транспарентност и чесно работење, а сега очигледно е дека за приватни фамилијарни патувања користи државни пари. Ова е типичен пример за лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ, едно зборуваат друго прават.

ВМРО-ДПМНЕ ја крие и листата на делегацијата од преку 20 луѓе кои патувале во САД, очигледно една од причините е синот на Мицкоски.

СДСМ ќе поднесе барање за  пристап до информации од јавен карактер, да се види листата и да се дознае вистината, велат од опозициската партија.

Одговор стигна и од ВМРО-ДПМНЕ:

ВМРО-ДПМНЕ бара од лидерот на СДСМ, Венко Филипче да ги даде уплатниците за возилото марка „ауди Q8“ и да каже како го набавил со плата. Од партијата преку соопштение истакнаа дека новиот лидер на СДСМ, го нема пријавенo џипот во својот анкетен лист.

-Венко Филипче мора да каже како го платил луксузниот џип, и како успеал тоа да го стори со плата? Доколку џипот не е на негово име, Филипче да каже што услуга завршил на тој што го купил истиот. Никој не купува нов џип од стотици илјади евра и го дава на возење на некој друг, и сосема случајно тој друг да е поранешен министер за здравство и лидер на опозициска партија. Филипче да не се крие зад партијата, да излезе и да ги покаже уплатниците за џипот, ако ги нема да каже кој му го купил и зошто, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вистината за Кочани: ВМРО-ДПМНЕ да каже колку…

Речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски ја…

Брлогот открива уште една агенција за обезбедување…

Благојчо Георгиевски бара од Министерството за внатрешни…

Нови кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ

Во Штип вечерва, ВМРО-ДПМНЕ го одржа своето…

СДСМ: Филипче нема допирна точка со Крмзов,…

Со денови од белата палата на ВМРО-ДПМНЕ…

СДСМ: Јавното обвинителство со денешната прес-конференција се…

Со денешната прес-конференција, Јавното обвинителство уште еднаш…