(Фото) Спречен шверц на 100 парфеми, возач на автобус излажал дека носи само лични работи
Над сто парфеми „Гисада“ во вредност од 240 илјади денари се запленети од страна на царински службеници на влез на граничен премин Табановце откако возач на автобус без да ги пријави се обидел нелагално да ги внесе во државата.
-На прашање од страна на царинските службеници дали има нешто за пријавување возачот изјавил дека носи само лични работи. Притоа извршена е детална контрола при што во багажот во пределот за алати се пронајдени вкупно 106 парфеми за кои што возачот требало да плати увозни давачки во висина од 49 илјади денари, информираат од Царинската управа.

Против превозникот е поднесена прекршочна пријава заради непочитување на царинските регулативи.
Царинската управа во континуитет презема строги акции за сузбивање на криминалот и создавање услови за фер конкуренција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел ја зголемува готовноста: Извештаи за нови…
Западни разузнавачки служби регистрирале нови воени активности…
Иранска воена техника се движи кон Кувајт?!…
Снимки што се споделуваат на социјалните мрежи,…
Герасимовски: Постапката за „Барутана“ е законска обврска
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во…
Мицкоски за предвремени избори: Можно е, никогаш…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, во интервју…
Северна Кореја тестираше ракети од под вода:…
Северна Кореја соопшти дека тестирала два типа…