Обвинителките не се виновни што добиле екстра пари: Ислам Абази ја отфрли кривичната пријава за бонусите во СЈО
Ислам Абази, Јавниот обвинител за гонење организиран криминал и корупција донел решение со кое ја отфрлил кривичната пријава на ВМРО ДПМНЕ против екс обвинителите на СЈО, на кои Катица Јанева им подели по илјадници евра бонуси за доверливост надвор од платата, со што, според пријавата на партијата бил оштетен Буџетот за над 4,5 милиони евра, објави „Сведок.мк“.
СВЕДОК дознава дека Ислам Абази го затворил предметот со бонусите и хонорарите во екс Специјалното јавно обвинителство, иако тој не го работел предметот, туку струмичката обвинителка Наташа Поп Трајкова.
Наши извори од ОЈО ГОКК тврдат дека Ислам Абази подолго време барал од Поп Трајкова да го затвори предметот, а откако таа одбила и наводно му рекла дека „не е подготвена да оди во затвор за тој предмет“, алудирајќи на сериозноста и содржината на предметот како и на висината на сумата, Ислам Абази го донел решението, претходно одбивајќи да ја изземе обвинителката Поп Трајкова и предметот да го даде на друг обвинител.
„Република“ побара објаснување од Јавно обвинителство за овој случај, но не добивме одговор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се гради најголемата пловна населба во Европа!
Најголемата пловна населба во Европа наскоро би…
„Макрон секогаш сфаќа погрешно“ – Трамп го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална…
Јаневска: Над 13.200 пријави за упис во средно…
Министерката за образование, Весна Јаневска на својот…
Во мај пријавени се три случаи потврдени…
Во текот на мај, во државава пријавени…
Почина новинарот Владимир Лапе
По кратко боледување денеска почина Владимир Лапе,…